Дигитална Интерактивна Табла за когнитивни и функционални вежби

Дигитална интерактивна табла за моторни и когнитивни вежби која наоѓа примена при третирање на лица со невролошки/мускулоскелетни нарушувања: деменција, Алцхајмерова болест, мозочен удар, трауматска повреда на мозок, повреда на ‘рбетен столб, Guillain-Barre синдром, мултипла склероза, церебрална парализа, застој во развој,фрактури, повреда на лигаменти/тетиви, мускулна атрофија и сл. Уредот е исто така идеален и за третирање на деца/лица со аутистичен спектар на нарушувања, АДХД (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност), во центри за стимулирање на детски развој и психолошки работилници како и домови за стари и изнемоштени лица.

Придобивки:

  • подобрување на манипулација со раце
  • координација очи-раце
  • визуелна перцепција
  • препознавање на форми
  • меморија
  • концентрација
  • способност за решавање на проблеми
  • просторна ориентација
  • време на реакција и снаодливост

 

Визуелна повратна информација

 

Аудитивна повратна информација